Достава со ЕМС БРЗА ПОШТА за пратки со вредност до 70,000 МКД.
Достава со НИКОБ-Безбедносен транспорт за пратки со вредност над 70.000 МКД.
Сите пратки се со осигурување за целосна заштита на вашата нарачка.
Во готово до износ од 1.000 евра (во денарска противвредност), согласно важечката законска регулатива.
Преку трансакциска сметка во македонска банка. Плаќањето мора да биде извршено од трансакциска сметка на физичкото или правното лице на кое гласи нарачката.
Со кредитна/дебитна картичка American Express, Diners Club, Mastercard и Visa. Плаќањето мора да биде извршено од картичка на физичкото или правното лице на кое гласи нарачката.
Начинот на плаќање може да се разликува по продажна локација. За точни информации контактирајте го соодветното продажно место.
Сликите од производите претставени на веб-страницата илустрираат како треба да изгледа инвестицискиот производ во одредена категорија. Можно е да постојат минимални разлики во изгледот, годината на ковање на монетите и серискиот број на плочките во однос на оние прикажани на фотографиите. Со купување на инвестициски производ во форма на плочка или монета, добивате физички производ изработен од злато или сребро со висока чистота.
Трговците на инвестициско злато или сребро не издават сертификат. Таков може да се добие единствено, ако тој е осигурен од производителот, рафинерија или ковачница за пари. Сертификатот се издава врз основа на сериски број, а монетите немаат. Ако нема сериски број врз основа на кој се издава сертификат, тогаш сертификатот нема вредност. Сите инвестициски плочки кои ние ги предлагаме се со сертификат осигурен од производителот.
Цените на производите се определуваат од цените на благородните метали на светските берзи, трошоците за производство, достава и осигурување.
Цените на веб страната се обновуваат на секои 10 минути соодветно на актуелните цени на светските пазари.
Чистота 999.9 се смета за 24 карати бидејќи се претпоставува дека секогаш е можно 0.01% друг метал да биде присутен во процесот на рафинирање.
24 карати (чистота 999.9) – 99.99% злато и 0.01% примеси
22 карати (чистота 916) – 91.60% злато и 08.40% примеси
20 карати (чистота 833) – 83.30% злато и 16.70% примеси
18 карати (чистота 750) – 75.00% злато и 25.00% примеси
16 карати (чистота 625) – 62.50% злато и 37.50% примеси
14 карати (чистота 585) – 58.50% злато и 41.50% примеси
Така, можеме лесно да претпоставиме, на пример, дека цената на 16 каратно злато е 0,625 помножено со цената на чистото злато, имајќи предвид дека цената на примесите е занемарливо мала.
Можност за замена на помал производ за поголем. Ова нуди можност на инвеститорите да си ги зголемуваат своите инвестиции во благородни метали без да губат од продажбата.
Важи за производи ослободени од ДДВ.
Злато во форма на прачки или плочки со тежина прифатена од пазарите за благородни метали и со финост еднаква или поголема од 995 илјадити делови.
Златни монети, со финост еднаква или поголема од 900 илјадити делови, што се исковани по 1800 година, кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства и вообичаено се продаваат по цена што не надминува повеќе од 80% од вредноста на златото содржано во монетата, на слободниот пазар.
Инвестициското злато е ослободено од ДДВ.
Законската рамка е иста или слична во целиот свет.