Стапки на инфлацијата во САД: 2000 - 2022

Годишната стапка на инфлација за Соединетите Држави е 7.5% за 12-те месеци заклучно со јануари 2022 година - највисока од февруари 1982 година, откако претходно се зголеми за 7.0%, според податоците на американското Министерство за Труд објавени на 10ти февруари. Следното ажурирање на инфлацијата е закажано за 10ти март во 8:30 часот по источно време. Тогаш ќе биде прикажана стапката на инфлација во текот на последните 12 месеци заклучно со февруари 2022 година.


Графиконот и табелата подолу ги прикажуваат годишните стапки на инфлација во САД за календарските години од 2000 и 2012 до 2022 година. Ако сакате да ги пресметате акумулираните стапки помеѓу два различни датуми, користете го овој калкулатор за пресметување на инфлацијата во САД.

*најновите податоци за инфлацијата (засновани на 12 месеци) секогаш се прикажуваат во последната колона на графиконот.


Табела: Годишни стапки на инфлација по месеци и година

Бидејќи бројките подолу претставуваат периоди од 12 месеци, погледнете во колоната од месец декември за да ги најдете стапките на инфлација по календарска година. На пример, стапката на инфлација во 2021 година беше 7,0%.


Последната колона, „Просек“, ја покажува просечната стапка на инфлација за секоја година користејќи податоци поврзани со индексот на животна потрошувачка, кој беше 4.7% во 2021 година. Индексот се објавува од Министерството за Труд, но ретко се дискутира во медиумите, со што добива позадинска улога на вистинската стапка на инфлација на една календарска година.

Пресметување на годишните стапки на инфлација

Годишните стапки на инфлација се пресметуваат со користење на 12-месечни податоци на индексот на животна потрошувачка, кој месечно го објавува Бирото за трудова статистика при Министерството за Труд.


На пример, за да се пресмета стапката на инфлација за јануари 2017 година, одземете го индексот од јануари 2016 година (236.916) од индексот од јануари 2017 година (242.839). Резултатот е „5.923“. Поделете го овој број со индексот од јануари 2016 година, а потоа помножете го со 100 и додадете знак %.


Резултатот е годишна стапка на инфлација за јануари 2017 од 2,5%.


Извор: usinflationcalculator.com