Многуте корисни придобивки од златото
Од сите руди на Земјата, ниту една не е покорисна од златото. Многуте придобивки од златото произлегуваат од спектарот на неговите специјални карактеристики. Златото спроведува електрицитет, не корозира, многу е лесно за обработка, може да се лее во форма на жица или да се столчи во тенки листови, да се претопи со други метали, да се кова во високо-деликатни форми, има прекрасна боја и брилијантен сјај. Златото е незаборавен метал кој има посебно место во човечкото срце.
Кратка историја на златото
Кога за прв пат шпанските истражувачи кога пристигнале во „Новиот Свет“ тие ги сретнале домородците од Јужна Америка. Овие две цивилизации разделени од огромен океан претходно никогаш не стапиле во меѓусебен контакт; тие зборувале на различни јазици и живееле сосема различни животи. Но сепак, без разлика на нивните различности и двете цивилазации имале и по нешто заедничко, а тоа е златото; и двете цивилизации го вреднувале златото како еден од најбитните и најскапоцени материјали.
Низ историјата на нашата планета, скоро секоја кулура го користела златото за да ја симболизира својата моќ, убавина и големи достигнувања. Денес ние продолжуваме да го вреднуваме златото како еден од најскапоцените материјали, затоа златото се подарува кога некој човек ќе постигне нешто големо. Тоа се користи кај највредните предмети: нобелова награда, олимписки медал, оскар, монети, накит и уметнички дела. Не постои друг метал кој е толку истакнат во нашето општество.
Накитот – примарна употреба на златото
Златото се користело за изработка на украсни предмети и накит со илјадници години. Златните грутки биле пронаоѓани во потоци и реки биле лесно преработливи, па така златото станало еден од првите метали кои бил користен од човекот. Денес, најголем дел од златото кое е ново ископано или рециклирано се користи во изработка на накит. Околу 78% од златото кое се користи секоја година, се користи за производство на накит.
Битните својства од златото го прават совршена руда за произведување на накит. Златото се одлукува со: многу висок сјај, посакуваната жолта боја, отпорност на корозија, лесно менување на формата и други. Сите овие се својства на еден атрактивен метал кој лесно се претвара во убав предмет. Уште еден исклучително битен фактор е потребата од златото како дел од традицијата.
Чистото злато е многу меко за да се користи при изработката на накитот. Занаетчиите го комбинираат златото со другите метали како што се бакар, сребро и платина, кои комбинирани со златотото доведуваат до зголемување на издржливоста. Денес, скоро сите накити од злато се комбинирни со еден или повеќе метали.
Легурите на злато имаат помала вредност од чистото злато. Познат стандард во трговијата со злато се нарекува „каратажа” кој се користи за мерење на чистотата на златото мешано со други метали. Чистото злато е познато како 24- каратно злато и скоро секогаш се означува со „24К”. Мешаното злато кое содржи 50% злато е познато како 12-каратно злато и е означено како „12К“. Мешаното злато кое содржи 75% злато се означува како „18K“. Генерално, висококаратниот накит е помек и поотпорен на корозија, додека пак нисококаратниот накит е поцврст и помалку отпорен на корозијца – особено кога е во контакт со влага (пот).
Мешаното злато со останатите метали ја менува бојата на крајнит продукт. Легура од 75% злато, 16% сребро и 9% бакар претставува жолто злато. Белото злато е легура од 75% злато, 4% сребро, 4% бакар и 17% паладиум. Други легури може да формираат розево, зелено, дури и црно злато.
Финансиско злато: Монети, метали и поддршка
Бидејќи златото е многу ценето и многу ретко, било користено како средство за тргување или пари. Првата позната размена на златото датира од пред 6,000 години. Првите трансакции се правеле со помош на парчиња злато или парчиња сребро. Реткоста, користа и потребата од злато му даваат на овој метал дологрочна вредност. Златото функционира добро за оваа намена бидејќи има висока вредност, висока издржливост, и лесна пренесливост.
Некои рани печатени книжни пари биле поддржани со злато кое се складирало за секоја пара што била во употреба. Соединетите Американски Држави еднаш користеле „златен стандард“ и чувале резерви на злато за да го поддржат секој хартиен долар во употреба.
Според овој златен стандард, секој граѓанин можел да побара замена на хартиената валута еквивалентна во злато и обратно. Златниот стандард некогаш го користеле многу нации, но бидејќи е многу тешко одржлив процесот на размена, истиот веќе не се користи.
Златото кое се користело како финансика поддршка на државните валути, најчесто се чувало во форма на златни прачки или шипки. Користењето на златните прачки ги намалило производствените трошоци на минимум и овозможило практично ракување и складирање. Денес, многу влади, поединци и институции имаат инвестции во златни прачки.
Првата златна монета била искована по наредба на Кралот Крес од Лидија (денешна Турција) во околу 560 година п.н.е. Златните монети често се користеле за размена се до 1900-тите кога хартиените валути станаа се почеста форма на размена. Златните монети биле издавани во две форми. Некои биле деноминирани во единици на валута, како што се доларите, додека други биле издавани во стандардизирани тежини, како што се унции или грамови.
Денес, златните монети не се користат како форма на финансиска размена. Сепак, златните монети со специфични тежини денес се познат начин со кој луѓето може да инвестираат во златото. Златните монети се издаваат и како „комеморативни“ токени. Многу луѓе уживаат во овие комеморативни монети бидејќи имаат и колекционерска и скапоцена вредност.