1 унца златна монета Канадски јаворов лист

На залиха


Земја на потекло: Канада

Производител: Royal Canadian Mint

Метал: AU (Злато)

Чистота: 999.9 (24 карати)

Технологија на производство: Ковање

Форма: Округла

Дијаметар: 30.00 мм

Тежина: 1 троја унца (31.10 грама)

Валута: CAD (Канадски долар)

Пакетирање: Пластична капсула

Производот е ослободен од ДДВ


Сликите илустрираат како треба да изгледа производот. Можна е разлика во годината на ковање.

Информации за Канадски јаворов лист

Канадскиот Златен Јаворов Лист е една од најпопуларните и најпрепознатливите златни монети во светот, произведена од Кралската канадска ковачница (Royal Canadian Mint) кована од 1979. Сребрената верзија од монетата се произведува од 1988, е исто така е една од најпопуларните сребрени монети. Монетата е позната по својата чистота и дизајн, што ја прави омилена меѓу колекционерите и инвеститорите ширум светот. Достапна е во тежини од 1 унца (31.10 грама), 1/2 унца (15.55 грама), 1/4 унца (7.78 грама), 1/10 унца (3.10 грама) и 1/20 унца (1.55 грама) во златна верзија и 1 унца (31.10 грама) во сребрена верзија.

На предната страна на монетата е прикажан портретот на Кралицата Елизабета II (кој е ажуриран низ годините за да го одрази нејзиното стареење). Најновите верзии го прикажуваат ликот на Крал Чарлс III. На предната страна се наоѓаат и номиналната вредност на монетата и годината на издавање. Оваа страна е дизајнирана од Арнолд Мачин, Дора де Педери-Хант или Сузана Блaнт, во зависност од годината на ковање.

На задната страна се наоѓа канадскиот јаворов лист, национален симбол на Канада. На оваа страна исто така се прикажани чистотата и тежината на монетата. Дизајнот на задната страна го изработил Валтер От, познат гравер, кој останува непроменет од неговото воведување во 1979 година.

Во 2013 година, Кралската канадска ковачница на пари воведе уникатни безбедносни карактеристики за заштита од фалсификување, кои за првпат беа вградени во златната монета јаворов лист од 1 унца. Овие елементи на безбедност вклучуваат прецизно изработени радијални линии и микро-гравирана ласерска ознака – минијатурен јаворов лист со втисната бројка што ја означува годината на отсекување, видлива само под зголемување. Од 2014 година, овие напредни заштитни технологии станаа стандарден дел од сите златни и сребрени монети од серијата Јаворов лист. Важно е да се напомене дека, иако монетата има номинална вредност од 50 канадски долари, нејзината пазарна вредност е значително поголема, бидејќи зависи од актуелната цена на златото и побарувачката кај колекционерите и инвеститорите.