Инфлацијата опаѓа. Како тоа може да влијае на златото

По повеќе од една година на зголемена инфлација, цените конечно покажуваат знаци на пад. Најновиот индекс на потрошувачки цени покажа дека цените се зголемија за годишна стапка од 4% во Мај - намалување од максимумот од скоро 11% кој беше достигнат минатиот Октомври.

Додека пониските цени се одлична вест за потрошувачите, променливата стапка на инфлација може да има импликации и за различни видови инвестиции, вклучувајќи го и златото. Златото обично се гледа како заштита од инфлација и има добри резултати кога вредноста на американскиот долар се движи надолу.

Но, што значи тоа за инвеститорите денес, кога инфлацијата почнува да се лади? Без разлика дали веќе сте инвестирале во злато или размислувате да купувате, важно е да знаете како тоа може да биде под влијание на промените на инфлацијата.

Како златото може да биде под влијание на пониската инфлација

Постојат голем број фактори кои можат да ја придвижат вредноста на златото нагоре или надолу во кое било дадено време, вклучувајќи ги и економските податоци како инфлацијата и нејзиното влијание врз потезите на политиката на централните банки.

Иако златото е заштита од инфлација, пониската стапка на инфлација не мора да значи дека цените на златото ќе страдаат, благодарение на ефектот на инфлацијата врз зголемувањето на стапката. Златото има тенденција да се движи обратно во однос на американскиот долар.

Кога централните банки ги зголемуваат стапките, тоа може да ја зголеми вредноста на доларот и да има спротивен ефект врз златото. Како пример, цената на златото падна а потоа имаше тренд на опаѓање неколку месеци кога Американската централна банка првпат почна да ги зголемува стапките во 2022 година, според податоците за цените на светскиот совет за злато.

Всушност, некои веруваат дека ако инфлацијата остане покачена, реакцијата на централните банки може да биде предизвик за златото.

„Најголемата потешкотија со која пазарот се соочува е вооедно и една од работите против кои златото е одлична заштита: инфлацијата“, вели Мел Матисон, професионалец за финансиски услуги и консултант. „Доколку инфлацијата остане непроменета, што ќе ја натера централната банка да ги држи стапките на повисоки нивоа подолго време, ова најверојатно ќе го зајакне доларот и ќе го ограничи нагорниот раст на златото“. Со други зборови, ако централната банка продолжи да ги зголемува стапките за да се избори со инфлацијата, тоа би можело да го поттикне доларот да добие на вредност и да има негативен ефект врз цените на златото.

Ако се задржи сегашниот тренд на снижување наинфлацијата, од друга страна, тоа би можело да значи дека централната банка е подготвена да ја олабави својата политика - што ќе значи зајакнување на цените на златото. Всушност, цените на златото веќе благо пораснаа во последните денови, главно врз основа на податоците за невработеноста и инфлацијата што укажуваат на пауза на стапката на централната банка во Јуни.

Дали сега е сè уште добро време за инвестирање во злато?

За долгорочните инвеститори, овие краткорочни движења на цената на златото треба да бидат споредни во однос на придобивките што можете да ги добиете од златото со текот на времето.

Златото може да биде солидна опција за инвестирање во секоја економија за инвеститорите кои сакаат да ги диверзифицираат своите портфолија. Преку менување на економските услови во долг временски рок за инвестирање, златото може да ви помогне да се заштитите од периоди на инфлација и временски падови на другите пазари. Инвестирајќи 5%-10% од вашиот буџет или помалку може да биде добар начин да се искористат придобивките од златото, а сепак да се има корист од растот на друго место, велат експертите.

Како што се вели, има и неколку причини зошто златото би можело да има добри резултати на пократок рок во следните неколку месеци. Некои експерти веруваат дека златото сепак би можело да го надмине новото највисоко ниво на сите времиња оваа или следната година. И тековната економска несигурност, поврзана со загриженоста за потенцијална рецесија, може да ја зголеми привлечноста на златото за инвеститорите кои бараат безбедно засолниште во услови на нестабилност на пазарот.

Во крајна линија

Инфлацијата е само еден економски фактор кој може да влијае на цената на златото. Всушност, краткорочната вредност на златото може да биде уште повеќе под влијание на тоа како централните банки реагираат на пониската инфлација и други економски податоци кога одлучуваат за следниот потег на каматната стапка секоја недела.

Сепак, и покрај краткорочни промени во цените на златото, долгорочните придобивки од златото сè уште стојат.

Ако мислите дека златото може да биде соодветно за вас, размислете да разговарате со експерт кој може да ви помогне да ве води низ вашите инвестициски опции уште денес.


Извор: cbsnews.com